Во текот на попладнево се одиграа уште три средби од 12.коло во Премиерлигата. Како што и се очекуваше, Арсенал немаше некои поголеми проблеми на дуелот со Барнли на „Емиерејтс“. Триумф од 3:1 против тимот на Дарко Чурлинов, кој и на овој мел не беше во записникот на Барнли.
Тросард во 45+1.минута му донесе водство на Арсенал за 1:0. Гостите израмнија преку Браунхил во 54.минута, но работите си дојдоа на свое место со головите на Салиба и Зинченко за конечни 3:1 за Арсенал.
Манчестер Јунајтед на “Олд Трафорд“ успеа да го победи Лутон со 1:0 и тоа со голот на Линделоф во 59.минута.
Супер интересно беше на дуелот Кристал Палас и Евертон, меч кој заврши со 2:3.
“Карамелите“ двапати водеа а домашните двапати израмнуваа, но победничкиот гол Евертон го постигна Гаје во 86.минута за конечни 2:3.










