Вардар Неготино ја запиша само втората победа оваа сезона, откако го совлада Прилеп на домашен терен со 32-28 во меч од десетото коло во групата Б.
Домашниот тим беше предводен од двоецот Митевски и Адамовиќ кои постигнаа по седум кола, кај Прилеп Квастек имаше пет погодоци.
Вардар Неготино по водството на противникот од 3-2, брзо го сврте мечот во своја корист, дојде на 6-4, а по неколкуте изедначувања, на одморот успеа да замина со позитива од четири гола (18-12). Во продолжение домаќинот ја одржуваше позитивата која изнесуваше и осум гола, на другата страна во самиот финиш Прилеп се разбуди, но веќе беше доцна, немаше доволно време за пресврт.










