Кошаркарскиот клуб Црвена звезда се огласи по нападот врз својата делегација во Задар. Црвено-белите изјавија дека член на Управниот одбор на клубот бил нападнат во Задар пред неделното гостувањето во АБА лигата. Со него биле пријател на клубот и двајца новинари.
Клубот побара од надлежните органи да се огласат и да ги изведат пред правда сторителите, кои според Звезда нанеле тешки повреди на делегација на КК Црвена Звезда. Исто така, од АБА лигата беше побарано натпреварот во Задар, кој е закажан за в недела од 17 часот, да се одигра без присуство на публика.
„КК Црвена звезда ја информира јавноста дека во текот на саботата вечерта без никаква причина беше нападнат член на Управниот одбор на нашиот клуб, заедно со уште еден пријател на клубот, како и двајца членови на новинарската екипа. Сите биле претепани од страна на маскирани хулигани, а во таа прилика се здобиле со тешки повреди.
Како клуб бараме итна реакција од надлежните органи, пред се хрватската полиција и безбедносните служби, како и приведување на напаѓачите.
Поради сето горенаведено, а можеби и како резултат на отвореното писмо на навивачите на Задар, кое целосно непотребно ја подигна тензијата, КК Црвена звездаофицијално побара натпреварот во недела да се игра без присуство на публика, условите за играње нема да бидат нормални“, се наведува дел од соопштението на Црвена звезда.










