Од Милано велат дека Нејпир сака да си оди од Звезда, а овој одговори: Престанете да лажете

146

Црвена Звезда доживеа пораз од Барселона во 7.коло на Евролигата, а еден од најлошите на теренот беше Шабаз Нejпир. Поранешниот кошаркар на Олимпија од Милано не се снајде во екипата на Звезда, како ни во Белград, па по само пет месеци сака да си оди. Тоа го тврди тренерот на миланската екипа Еторе Месина откривајќи дека кошаркарот постојано праќал пораки до своите другари од Италија наведувајќи дека сака да се врати во тимот.
Нejпир и Милано не ја продолжија соработката затоа што преговорите пропаднаа. На клубот не му се допаднале условите кои ги поставил Нejпир. Тој одлучи да си замине од Милано и како најголемо засилување да дојде во Звезда.

Минатата сезона со Нејпир ја решивме ситуацијата и го освоивме првенството, но летоска ги смени условите. Му понудивме тројно повеќе, но тој одби. Сега тој им праќа пораки на поранешните соирачи дека сака да се врати“, изјави Месина.
Американецот веднаш одговори:

Разбирам дека вашиот тим не почна како што сакате, но престанете да зборувате дека јас сум причината. Се соочувам со свои потешкотии во овој момент, меѓутоа среќен сум во Звезда и ќе бидам подобар. За објавите за играчите кои не се повеќе дел од тимот треба да ги прескокнете. Престанете да ги лажете навивачите за да ги поправите своите проблеми“, напиша Нејпир.

ПретходноМбапе со хет-трик го “скрши“ Ремс, ама Донарума блескаше!
СледноЧаир падна во „Младост“, Еуро Никел сигурен дома!