Иако се очекуваше во Битола да видиме дерби дуел, сепак Пелистер одигра одличен меч и не му дозволи на ТФТ да помисли на победа. Избраниците на Дарко Радуловиќ дојдоа до петтиот триумф, откако славеа со убедливи 87-70.
За ТФТ ова беше само втор пораз оваа сезона, првиот го запиша пред месец и пол од Работнички.
Битолчани мечот го решија во втората и третата четвртина, кои ги добија со вкупни 46-26. На другата страна ТФТ се разбуди во последните десет минути, но веќе беше доцна. Овој период го доби со 13-23, премалку за да се избори барем за продолжение.
Стојановски имаше 15 поени кај победникот каде Планиниќ запиша 14, додека Магдевски и Маслинко имаа по 13. Во редовите на гостинскиот тим, Зафиров беше стрелец на 16 поени.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 7.КОЛО
Навико Академија ФМП – Работнички (ВО ТЕК)
Кожув – Вардар 65:48 (ВО ТЕК)
Пелистер – ТФТ Моцарт 87:70
Гостивар – Чаир 2030 89:84
Еуро Никел 2005 – Охрид 100:59
МЗТ Скопје Аеродром – Феникс 2010 73:64
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 13, Чаир 2030 12, Пелистер 12, ТФТ Моцарт 12, Еуро Никел 2005 10, Феникс 2010 10, Работнички 9, Вардар 9, Гостивар 8, Кожув 7, Охрид 7, Навико Академија ФМП 6;










