Роналдо e најплатен фудбалер на светот за 2023 година

581

Португалецот Кристијано Роналдо е најплатен фудбалер во 2023 година, објави „Форбс“. Специјализираниот за такви истражувања, популарниот „Форбс“ преку свои методологии и инсајдерски информации открива дека на листата на заработувачка прв е Роналдо со 260 милиони долари (плата од 200 милиони во Ал Наср и плус 60 милиони од маркетинг).

На второто место е освојувачот на „Златната топка“, Лео Меси со заработка од 135 милиони во Интер Мајами (75 милиони долари од игра и уште 70 милиони надвор од теренот).

На третото место оваа година е Нејмар, кој од Ал Хила добива 80 милиони, а останатите приходи му се 32 милиони долари или вкупно 112 милиони долари.
Минатогодишниот лидер на рејтингот, напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе оваа година е четврти со заработка од 110 милиони долари. Следуваат Карим Бензема (106 милиони), Ерлинг Халанд (58 милиони), Мохамед Салах (53 милиони долари)…

Во последните 10 години Роналдо дури шест пати бил лидер на оваа листа, Меси три пати, а еднаш Мбапе.

ПретходноПрекинат меч во Бундес-лига: Петарда погоди навивач, па избувна конфликт на трибините (ВИДЕО)
СледноПерез не се откажува: Тој ден ќе биде почеток на нова ера