Тотенхем до 90+1.минута водеше со 1:0, но на крајот загуби кај Вулверхемптон! (ВИДЕО)

248

Тотенхем полека, полека, но сигурно почна да паѓа. По поразот од Челзи, денеска е поразен и од Вулверхемптон и тоа со 2:1, на гостувањето.

Се тргна убаво за тимот на Постекоглу, веќе во 3.минута Џонсон донесе водство од 0:1.

И така беше се до 90+1.минута, и кога се чинеше дека ќе победи, прво Сарабиа израмни на 1:1 за да во 90+7.минута Лемина му донесе победа на домашниот тим за еуфорија на фановите на Вулвси.

ПретходноНов спектакл на “Комити“, но Вардар го чека пекол во битката за опстанок! (ФОТО)
СледноТиквеш лесно до триумф среде Струга!