Гостивар стави крај на серијата од два порази во низа. Во „Младост“ дојде до голема победа и тоа против Чаир совладувајќи го 89-84 со во меч од седмото коло во Првата лига.
Инграм со 26 поени беше прв стрелец, зад него беше Вензант со 23 поени и 7 асистенции, Вилијамс беше стрелец на 21 поен и 9 скока. На другата страна Корбет имаше дабл-дабл од 36 поени и 17 скока.
Гостите тргнаа добро, поведоа со 15-24 после десет минути. По изедначена битка во вториот период, домашниот состав го подигна нивото, и веќе во третата четвртина беше подобар со 31-21. Во ист ритам продолжи во решавачките десет минути, но во 36 минута по 82-70 застана. Тимот на Чари се врати со серија од 16-4 дојдоа до негатива од два коша (86-84) и ја вратија неизвесноста. Вензант постигна важни поени, а Митревски стави печат на победата број три оваа сезона.
Еуро Никел ја запиша петата победа оваа сезона, откако на домашен терен ја оправда фаворитската улога против Охрид со убедливи 100-59.
Гостите се држеа во првото полувреме (45-39), но по одморот паднаа. Кавадарчани одиграа фуриозна трета четвртина во која постигнаа 35-12 и ја осигураа победата.










