Арсенал убедлив против тимот на Чурлинов, Јунајтед се изнамачи со Лутон за трите бода! (ВИДЕО)

146

Во текот на попладнево се одиграа уште три средби од 12.коло во Премиерлигата. Како што и се очекуваше, Арсенал немаше некои поголеми проблеми на дуелот со Барнли на „Емиерејтс“. Триумф од 3:1 против тимот на Дарко Чурлинов, кој и на овој мел не беше во записникот на Барнли.

Тросард во 45+1.минута му донесе водство на Арсенал за 1:0. Гостите израмнија преку Браунхил во 54.минута, но работите си дојдоа на свое место со головите на Салиба и Зинченко за конечни 3:1 за Арсенал.

Манчестер Јунајтед на “Олд Трафорд“ успеа да го победи Лутон со 1:0 и тоа со голот на Линделоф во 59.минута.

Супер интересно беше на дуелот Кристал Палас и Евертон, меч кој заврши со 2:3.

Карамелите“ двапати водеа а домашните двапати израмнуваа, но победничкиот гол Евертон го постигна Гаје во 86.минута за конечни 2:3.

ПретходноКејн урива рекорди: Баерн си играше со нервите на своите фанови, ама сепак победи! (ВИДЕО)
СледноАнглија и без Белингем во Скопје?!