Во Гевгелија откажа семафорот, па мечот беше завршен после речиси три часа

108

Кожув и Вардар својата пресметка ја почнаа во 18 часот, а заврши речиси пред 21 часот. Причината за ваквата разврска е проблемот со семфарот со кој се соочи домашниот тим.

На почетокот на последниот период дојде до прекин на натпреварот. Откако судиската тројка увиде дека брзо нема да се реши проблемот, двете екипи пристапија кон ново загревање, по долго време се најде „лекот“.

На крајот оваа средба ја доби гевеглискиот тим со крајни 78-57.

Проблемите со техничките уреди се провлекуваат од стартот на сезоната, КФСМ постојано во своите билтени ги има овие забелешки. Она што чуди е како професионални тимови дозволуваат да бидат казнувани за основи работи кои треба да ги имаат обезбедено, секако доколку сакаат да се декалсираат како членови на прволигашка конкуренција.

На последната средба од седмото коло, Работнички беше подобар од Академија ФМП со убедливи 68-98. Ова беше прва победа за Горан Самарџиев на клупата на „црвено-белите“ по поразот од Еуро Никел во минатото коло.

ПретходноФудбалер од Танзанија ќе го засили Баерн Минхен
СледноПрекинат меч во Бундес-лига: Петарда погоди навивач, па избувна конфликт на трибините (ВИДЕО)