Голем кикс на еден од кандидатите за титулата во Серија А, тимот на Милан. Лече и Милан одиграа 2:2, загубени се два златни бода. Реми кој секако дека можеше да биде и пораз, ако се знае дека ВАР го поништи фантастичниот гол на Пиколи за 3:2 и тоа во 90+4.минута. Имало прекршок.
Инаку Милан поведе со голот на Жиру во 28.минута, кој во финишот заработи исклучување. За 0:2 стрелаше Рејндерс во 35.минута.
Во второто Милан имаше црни минути од 66 до 70 кога прими два гола за 2:2. Стрелци беа Сансоне и Банда. На крај излегува дека Милан може да биде и пресреќен на овој резултат, ако се знае дека во самиот финиш покрај поништениот гол на Лече, се тресеше и стативата на гостите.










