Завршија првите полувремиња од три меча од 14.коло во ПМФЛ, оној во Тетово меѓу Шкендија и Тиквеш започна подоцна, како што веќе информиравме.
На Маџари каде што играат Вардар и Воска, во дербито на дното, резултатот е 1:1. Јашаровски во 4.минута донесе водство на гостите, за да во 15.минута Вардар израмни со автогол на гостите, еден играч на Воска сам си ја затресе мрежата.
Брера со 2:0 има водство против Струга ТЛ. Рибаудо во 8. и Јанкулов во 45+1.минута стрелаа за убедливо водство на струмичани кои се во серија од 9 меча без победа.
Во Речица, каде играат Гостивар и Брегалница, на пауза се замина со водство на домашните од 1:0 и тоа со мајсторијата на Атиемвен во 14.минута. Брегалница имаше зицери, постигна гол не беше признат.
Во Тетово до 30.минута Шкендија имаше водство од 1:0 против Тиквеш.