Мбапе со хет-трик го “скрши“ Ремс, ама Донарума блескаше!

102

Ремс – Мбапе 0:3. Килијан Мбапе со фантастична партија, со хет – трик, му донесе победа на својот ПСЖ на гостувањето кај Ремс. Инаку ова беше прв хет-трик за фантастичниот напаѓач на “светците“ оваа сезона, но треба да се каже дека блескаше на голот на гостите Џиџи Донарума кој спаси барем 3-4 чисти голови.

Мбапе својот прв гол го даде во 3.минута на асистенција на Дембеле. Во 59.минута Солер асистира а Мбапе со гол го зголемува водството на 0:2. Во 82.минута Баркола асистира а Мбапе стрела за 0:3. До крајот Мбапе можеше да постигне уште еден гол, ама во 86.минута место мрежата ја погоди стативата на домашниот состав.

Ова е осма победа на тимот на Луис Енрике во 12 кола во Лига 1, па така сега е лидер со бод предност пред втората Ница.

ПретходноАнглија и без Белингем во Скопје?!
СледноОд Милано велат дека Нејпир сака да си оди од Звезда, а овој одговори: Престанете да лажете