Столе и Рајо поразени дома од феноменалната Џирона!

150

Го сопреа Реал Мадрид, но не и Џирона, која одигра уште еднаш феноменално и успеа да победи на гостувањето кај Рајо и тоа со 1:2 во меч од 13.коло во Ла Лига.

Димитриевски и Рајо се поразени на свој терен, од тимот кој сега има пет бода предност, како лидер, пред вториот Реал Мадрид. Се разбира дека “кралевите“ имаат и меч помалку.

Инаку Рајо уште во 5.минута поведе со 1:0 со голот на Гарсија, Џирона израмни преку Довбук во 42.минута.

Додека конечните 1:2 ги постави Савио во 65.минута.

ПретходноТиквеш лесно до триумф среде Струга!
СледноОва е голот на Андерсон кој Ставрев го поништи во Речица! Имало фаул во напад?! (ВИДЕО)