Тиквеш лесно до триумф среде Струга!

122

Ракометарите на Тиквеш ја оправдаа улогата на фаворити на гостувањето кај Струга и забележаа победа со 21:25 (8:15) во меч од 10.коло во ракометната Суперлига. Инаку ова беше деветтата победа на кавадарчани во групата – А, па така и натаму се зад водечкиот Алкалоид.

Тиквеш во текот на целиот меч беше подобар, имаше водство кое го зголемуваше кога беше потребно, за да на крајот рутински дојде до новите бодови.

Едноставно Струга немаше шанси против разгиграниот гостин од Кавадарци.

ПретходноТотенхем до 90+1.минута водеше со 1:0, но на крајот загуби кај Вулверхемптон! (ВИДЕО)
СледноСтоле и Рајо поразени дома од феноменалната Џирона!