Столе Димитриевски по се изгледа ќе го напушти Рајо Ваљекано. Еден од најдобрите голмани во Ла Лига, според трансфер гуруто Фабрицио Романо е на мета на Севиља и Виљареал. Нашиот репрезентативен голман има договор со Рајо Ваљекано до крајот на сезоната.
Столе Димитриевски би можел да го напушти Рајо Ваљекано во јуни, а Фабрицио Романо, тврди дека 29-годишниот голман ќе направи слободен трансфер во еден од овие два шпански тима.
🇲🇰 Understand Stole Dimitrievski is already in the list at Sevilla and Villarreal for next season as potential free agent. Both clubs appreciated Macedonian goalkeeper.
His current deal at Rayo Vallecano expires in June 2024. pic.twitter.com/cPcaZ4uCzX
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 12, 2023