Атлетико Мадрид со 3:1 го победи Виљареал во шпанската Ла Лига. Головите за домашните ги постигнаа Витцел, Гризман и Лино и тоа е деветта победа на мадриѓаните во 12 одиграни натпревари.
Гризман со погодокот во 80 минута стигна до бројката 169 погодоци за Атлетико со што се израмни со легендарниот Адриан Ескудеро на второто место на најдобри клупски стрелци. На чело е Луис Арагонес со 173 голови.
Исто така Атлетико нема загубено 15 првенствени мечеви на домашен терен.
GoaL! | Atlético Madrid 2-1 Villarreal | Antoine Griezmann pic.twitter.com/fBRItI8Zxd
— FootColic ⚽️ (@FootColic) November 12, 2023