Ашаданов: Србија е далеку поквалитетна од нас, честитки за борбената игра на нашите кошаркарки

131

Женската сениорска репрезентација вечерва во СРЦ „Кале “загуби од Србија, топ-фаворитот во нашата група „г“ од квалификациите за ЕП во 2025 година.

Но убедливиот пораз не носи и разочарување во нашата селекција, како кај селекторот Александар Ашаданов, така и кај неговиот избран тим.

„Најпрво, честитки за ривалот… Несомнено, квалитетот на екипата на Србија која е доста висок, го покажа во овој циклус на првите два меча, и вечерва против нас и пред некој ден, против Украина. Истовремено, сакам да им се заблагодарам и на кошаркарките затоа што без разлика на резултатот, се бореа од почеток до крај. Иако уште од стартот на мечот бевме во минус од дваесет поени, сите кои беа на терен играа максимално и прикажаа борбеност“– искоментира Ашаданов на прес-конференцијата.

ПретходноМаестрален гол на Ракитиќ, дербито на Севиља без победник
СледноМарија Николовска со десет гола дебитираше во дресот на АЕК