Барса во 17 секунда прими гол, потоа Левандовски со два гола донесе пресврт! (ВИДЕО)

256

Барселона вечерва во меч од 13.коло во Ла Лига успеа да дојде победа над Алавез со 2:1, но далеку потешко од очекувањата. Имено само што почна мечот, се играше 17 секунда кога гостите преку Омородион го шокираа големиот фаворит за водство од 0:1.

Шокот секако делуваше врз играчите на Чави Ернандез, па мораше Левандовски да спасува.

Сепак не беше така лесно. Цели 52 минути немаше израмнување, се слушаа и свирежи од трибините, и тогаш во таа 53.минута Левандовски прво од игра а потоа и во 77.минута и од пенал донесе пресврт и победа на својот тим.

Лоша игра на Барса, но најважни се трите бода.

ПретходноГазат ли газат: Леверкузен на Чаби Алонсо е фантастичен!
СледноПроблеми за Милевски: Трајковски има повреда на листот, а Елези не беше во записникот на Вараждин!