Енеа Бастијанини на Дукати е победник на трката за ГН на Малезија која се возеше на патека“Сепанг“.Италијанецот водеше од стартот до целта и ова за него беше петта победа во “кралската класа“.
Како втор заврши Алекс Маркез,кој победи во спринтот, а трет беше Франческо Бањаја. Додека конкурентот за титулата на Бањаја, Хорхе Мартин трката ја заврши на четвртото место. Ова значи дека сега бодовната разлика е +14бода за Бањаја и тоа на две трки до крајот на сезоната.
Ако за првото место на трката немаше никаква борба,едноставно Бастијанини тргна прв и воопшто не го интересираше што се случува зад него, тогашсе водеше голема борба за третата позиција,која ја доби Бањаја.