Одлично издание на Ливерпул попладнево во меч од 12.коло во Премиерлигата и убедлива победа над Брентфорд со 3:0. Интересно, во 22. и 27.минута преку Дарвин Нуњез постигнаа два гола, но и двата беа поништени по реакцијата на ВАР.
И кога не може Дарвин да постигне регуларен гол, тогаш тука е Мохамед Салах. Прво во 39.минута по асистенција на Дарвин, а потоа и во 62.минута стрелаше за 2:0.
Во 74.минута Жота погоди за конечни 3:0.
Астон Вила исто така беше доминантна на свој терен, и тоа против Фулам кого го победи со 3:1. Стрелци беа Робинсон автогол, потоа МекГин и секако Оли Воткинс, за гостите погоди Хименез.
Вест Хем дури во 88.минута го “скрши“ борбениот Нотингем Форест и славеше со 3:2, треба да се каже дека „шумарите“ двапати водеа.
Брајтон иако имаше водство од 1:0 уште од 6.минута, сепак на крјот одигра само 1:1 против Шефилд.
GoaL! | Liverpool 1-0 Brentford | Mohamed Salahpic.twitter.com/tx5i31N81h
— FootColic ⚽️ (@FootColic) November 12, 2023
GoaL! | Liverpool 2-0 Brentford | Mohamed Salahpic.twitter.com/UNnbzVwfBy
— FootColic ⚽️ (@FootColic) November 12, 2023
GoaL! | Liverpool 3-0 Brentford | Diogo Jotapic.twitter.com/dlMF4Hydxg
— FootColic ⚽️ (@FootColic) November 12, 2023