Македонската женска кошаркарска репрезентација го запиша вториот пораз во евро-квалификациите. Избраничките на Александар Ашаданов вечерва за противник ја имаа фаворизираната селекција на Србија која дојде до убедлив триумф од 60-103.
Српските кошаркарки уште по првата четвртина ги решија сите дилеми околу победникот на оваа средба, беа подобри со 12-30, додека на одморот заминаа со водство од 38-51. Со ова темпо се одиграа и следните две четвртини.
Митрашиновиќ со 23 поени беше прв стрелец, Хемпе имаше 13, додека Слецова реализираше 12.
Шансата за прва победа нашите девојки ќе ја бараат во следниот квалификациски циклус.