Екипата на Интер славеше победа на Фросионе со 2:0 на „Џузепе Меаца“ во меч од 12.коло на Серија А. „Нероаѕурите“ го отворија резултатот во 12. минута кога Федерико Димарко со прекрасен шут од далечина од левата страна го лободуваше противничкиот голман.
На стартот на второто полувреме погоди Чаланоглу од пенал за конечни 2:0. Интер ја запиша шестата победа по ред, ако се земат во предвид и мечевите од ЛШ, а нема пораз од септември и дуелот со Сасуоло (1:2).
Затоа е на првото место на табелата со 31 бод по 12 кола или два повеќе од второпласираниот Јувентус.
Federico Dimarco amazing goal!pic.twitter.com/WhDbMebj7X
— FootColic ⚽️ (@FootColic) November 12, 2023