Дориев: Го почитувам изборот на селекторот, но сметам дека заслужив повик

919
Processed with VSCO with m5 preset

Откако не доби повик од селекторот Благоја Милевски за последните два квалификациски дуели со Италија и Англија, денеска со изјава се огласи нашиот интернационалец Љупче Дориев.

„Жалам што нема да бидам дел на репрезентацијата во следниве два натпревари, иако сум во добра форма и постигнувам голови за мојот тим. Сепак, го почитувам изборот на селекторот како и секогаш, јас сум убеден дека тој знае што е најдобро во моментот за Македонија. Мислам дека заслужувам повик или порака од селекторот како образложзение зошто не сум дел од репрезентацијата. Јас ќе продолжам да работам уште понапорно и успешно за да добијам повик, да бидам повторно дел од националниот тим. На колегите од репрезентацијата им посакувам успех и добар резултат против Италија и Англија. Заеднички сите до успех на последните два натпревари во овој циклус“, вели Дориев.

Македонија утре ќе го има првиот собир пред дуелите со Италија (17.11) и Англија (20.11).

ПретходноНе можат никого да победат, а носат НБА ветеран
СледноСтрумица лесно ја мина и Шкендија, драмата во пет сета за Работнички