Се чини не часови туку минути го делат Руди Гарсија од отказ во Наполи. По денешната бламажа на свој терен против Емполи, на суте им е е јасно дека Елмас и другарите ќе добијат нов тренер.
Газдата Аурелио Де Лаурентис го напуштил стадионот “Диего Армандо Марадона“ веднаш по мечот и забранил било какви изјави од тренерот или играчите.
Во негово друштво бил Фабио Канаваро, се шпекулира дека тој е сериозен кандидат за клупата, но сепак прва опција бил Игор Тудор.
Останува да почекаме…