Репрезентацијата на Косово славеше со 1:0 над Израел во меч од квалификациите за ЕП 2024. Мечот беше под силно полициско обезбедување, па дури беа ангажирани специјалци и снајперисти за да го чуваат израелскиот национален тим.
Пред почетокот на мечот свирежи на химната на Израел, а на очајниот терен во Приштина, домашниот национален тим славеше со голот на Милот Рашица во 41 минута. Поради врнежите на дожд, теренот беше натопен и условите за игра беа многу лоши.
Поради лошиот терен Ведат Муриќи се повреди и го напушти теренот.
Со овие три бода Косово е на четвртото место во групата И со 10 бода, а Израел е трет со 11. Првите две места ги држат Романија (16 бода) и Швајцарија (15 бода).
Kosovo fans whistle during the Israeli national anthem. #KOSISR 🇽🇰🇮🇱 | #EURO2024
pic.twitter.com/DqyR1T8sJj— Kosovar Football 🇽🇰 (@kosovarfootball) November 12, 2023
What a goal by Rashica against Israel!
Kosovo 🇽🇰 1:0 Israel 🇮🇱 #KOSISR pic.twitter.com/4wwRElEohJ
— Jakub Bielamowicz (@KubaBielamowicz) November 12, 2023