Илјазовски асистент, Хвидовре победи по 26 години!

689

Данскиот тим Хвидовре дури во 15. коло стигна до деби победа во оваа сезона или прва во елитата на оваа земја по 26 години пауза затоа што овој клуб во далечната 1997 година последен пат играл во најсилната лига на својата земја.

Во овој прв тримф по толку многу години свој епилог има и нашиот репрезентативец Ахмед Илјазовски кој беше асистент на првиот гол. Хвидовре славеше на гостински терен со 0:2 кај Одензе и со првата „тројка“ во сезоната оваа екипа најави дека се буди од лошата серија и посакува да остане во игра за опстанок во елитата.

Ахмед Илјазовски е десен бек кој селекторот Благоја Милевски го „откри“ во август а дебитираше за Македонија на квалификацискиот дуел со Италија (1:1). Тој има 26 години и беше најавуван како замена за Стефан Ристовски.

ПретходноЛацио и Рома разочараа во дербито на „Вечниот град“
СледноМаестрален гол на Ракитиќ, дербито на Севиља без победник