Лацио и Рома разочараа во дербито на „Вечниот град“

55

Дербито на „Вечниот град“ помеѓу Лацио и Рома заврши со резултат 0:0 после разочарувачка игра и на двата тима. Тоа е меч од 12.коло на Серија А, а по овој резултат и двата тима се надвор до топ 6 на табелата.
Немаше голови на „Олимпико“, а двата тима само три пати шутираа во рамките на голот. Лукаку имаше шанса да погоди со глава, а соиграчот Карсдорп два пати шутираше опасно. Потоа Лацио имаше шанса да поведе но ударот на Луис Алберто заврши во гредата.
Во вториот дел беше уште полошо. Двете екипи правеа многу грешки, а немаше и сериозни удари кон головите. Може да се издвои 57. минута кога Имобиле успеа да се намести да шутира во дуел со голманот, но во последен момент ударот му го изблокира Манчини.
Тоа е првпат по април 2018 година дербито на Рим да заврши без голови.
Лацио е на 10-тото место, а Рома е седма на табелата.

 

ПретходноВтор пораз за кошаркарките во евро-квалификациите, Србинките лесно низ Скопје
СледноИлјазовски асистент, Хвидовре победи по 26 години!