Малме шампион на Шведска после бурниот решавачки дуел со Елфсбург

927

Малме стана шампион на Шведска во бурен, последен натпревар во сезоната со победата од 1:0 над Елфсборг на домашен терен. По повеќечасовен хаос, во кој мечот беше одложуван затоа што гостинските навивачи правеа нереди и ја палеа мрежата поради кореографијата на домашните навивачи, но употреба на пиротехнички материјали од домашните фанови, Малме ја врати титулата во своите витрини.
Малме ја освои третата титула во последните четири години (лани шампион беше Хакен), а рекордна 23. во историјата.
Елфсборг влезе во мечот со три бода предност во однос на вториот Малме. Во Шведска пласманот се одредува на основа на број на бодови, па гол-разлика, па број на постигнати голови, па дури потоа меѓусебен скор…
Малме победи со 1:0 и поради подобрата гол разлика ја освои титулата. Голот го постигнат Кисе Телин од пенал во второто полувреме.

ПретходноДе Зерби: Не ми се допаѓаат 80% од судиите во Премиер лигата
СледноБодо/Глимт трет пат шампион на Норвешка