Марија Николовска со десет гола дебитираше во дресот на АЕК

570

Македонската ракометарка, Марија Николовска од таборот на Чаир направи трансфер во АЕК. 24-годишната ракометарка денеска беше и официјално претставена, а веднаш потоа имаше деби од соништата.

Нејзиниот нов тим славеше против АОАД Коридалу со убедливи 30-25, а Николовска беше прв стрелец на оваа средба. Средниот бек зад своето име запиша десет погодоци.

„Многу сум среќна поради овој нов почеток и што ми се дава можност да играм во таков историски тим како што е АЕК. Сакам да се радувам на оваа сезона и да стекнувам искуства. Секогаш ќе давам максимум, без разлика на противникот. Се надевам дека оваа сезона ќе оствариме важни победи. Чест ми е да играм во толку голем клуб. Конечно, се надевам дека ќе ги оствариме целите што ги поставивме“, беше изјавата Николовска која претходно играше за Вардар и Ѓорче Петров. 

ПретходноАшаданов: Србија е далеку поквалитетна од нас, честитки за борбената игра на нашите кошаркарки
СледноРистовски на полувреме се расплака, соиграчите го тешеа