Наковски Волеј со пет од пет, победи и за скопските ривали

158

Без изненадувања завршија три од четирите меча во новото, петто коло во домашниот одбојкарски шампионат во женска конкуренција. Наковски Волеј на домашен терен славеше со 3:1 против скопски Фит Фан Волеј во меч во кои гостинките покажаа дека ќе бидат конкурентни со сите ривали во првенството до крајот на сезоната.

Убедливи победи во три сета за шампионот и вицешампионот. Работнички беше подобар од Вардар ЕМ, додека Јанта Волеј како гостин го победи Вардар 2019.

Прва лига (жени) – 5. коло

Наковски волеј – Фит Фан волеј                    3:1 (25:23, 20:25, 25:17, 25:20)

Вардар 2019 – Јанта волeј                            0:3 (13:25, 6:25, 17:25)

Работнички Скопје – Вардар ЕМ                    3:0 (25:18, 26:24, 25:21)

Младост УГД – Струмица жени                      (понеделник, 17.30, МРТ-3)

ТАБЕЛА: 1. НАКОВСКИ В. (15)2. Струмица (11); 3. Работнички (10); 4. Јанта Волеј (9); 5. Младост УДГ (5); 6. Фит Фан Волеј (4); 7. Вардар ЕМ (3); 8. Вардар 2019 (0).

ПретходноВМФЛ: Беса со “реши“ Охрид покрај езерото, Танушев е херојот на Пелистер
СледноМихаилов: Вистинско дерби, Силекс заслужено победи, честитки за моите играчи!