Неверојатно: Јунајтед ќе плаќа “пенали“ од 10 милиони фунти за секоја сезона кога нема да игра во ЛШ!

845

Познато е дека пласманот и настапите во Лигата на Шампионите покрај престижот носат и многу, многу пари. Таму има место само за одбрано друштво, а нели до пред некоја година во такво друштво беше и Манчестер Јунајтед, кој сега е очаен и далеку од пласман во ЛШ за наредната сезона.

Па така постои голема опасност, клубот да плаќа “казни“ односно премии на својот водечки спонзор “Адидас“. Имено во договорот меѓу двете страни пишува дека секоја сезона во која Јунајтед нема да игра во ЛШ треба да му исплати на германскиот спортски бренд 10 милиони фунти.

Но и тие пари не се којзнае што ако се знае дека Јунајтед од “Адидас“ добива секоја сезона по 90 милиони фунти милиони евра или за 10 години ќе добие милијарда евра, колку што е трае самиот договор.

ПретходноАеродром и Скопје одиграа без победник!
СледноАтомски фудбал на „Стемфорд Бриџ“ – осум гола на дербито Челзи-Сити