Не можат никого да победат, а носат НБА ветеран

2807

Неверојатни вести доаѓаат од Италија, последнопласираниот тим од лигата Бриндизи сака во своите редови да го донесе Брендон Најт. Бриндизи по шест одиграни кола во Серија А нема победа, а игра во Европскиот куп на ФИБА, сака да ја свртат сезоната со доведување на ветеран од НБА.

По само една година во Кентаки, Најт беше избран како осми пик на драфтот во 2011 година, помина две сезони во Детроит. Потоа играше две години во Милвоки, три во Феникс Санс, а потоа по една година играше за Хјустон, Кливленд и Далас. Во својата најдобра сезона 2015/16 постигнуваше 19,6 поени по меч.

Минатата сезона ја мина во Порторико, каде постигнуваше 23,3 поени по натпревар со 5 асистенции.

ПретходноКошаркар на Филаделфија прегазен пред својот дом, итно пренесен во болница
СледноДориев: Го почитувам изборот на селекторот, но сметам дека заслужив повик