ПМФЛ: Може ли Силекс да го сопре лидерот? Скопска пресметка во Ѓорче!

189

 

Денеска од 13 часот на програмата се и двата последни меча од 14.коло во ПМФЛ. Сите останати се одиграа вчера. Повеќе од јасно е дека дербито на колото се игра во Кратово, каде Силекс го дочекува забревтаниот тим на Шкупи, лидерот на табелата. Чаирчани оваа сезона само еднаш се поразени, играат одлично под водство на стратегот Младен Жижовиќ, но кога се игра во Кратово, кога Силекс е домаќин, е тогаш некои работи се менуваат. Кратовци под водство на Горазд Михаилов посебно се опасни дома и ниту еден клуб во ПМФЛ не е фаворит кога игра со Силекс во Кратово. Во секој случај се очекува супер интересен двобој на две квалитетни екипи.

Во вториот меч Македонија ЃП го дочекува Работнчки. Екипи кои некогаш пред 15 години водеа битки за титулат, но сега се е поинаку. И Македонија ЃП и Работнички се далеку од старата слава, сега потребни се бодови за избегнување на дното на табелата.

ДВОЈКИ ЗА 14.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)

Кратово: Силекс – Шкупи

Скопје: Македонија ЃП – Работнички

ВЧЕРА

Шкендија – Тиквеш 1:0

Вардар – Воска 1:2

Гостивар – Брегалница 1:0

Брера – Струга ТЛ 2:1

ТАБЕЛА

Шкупи (-1) 28, Шкендија 28, Струга ТЛ 27, Силекс (-1) 20, Брера 19, Гостивар 18, Тиквеш 16, Воска 16, Работнички (-1) 16, Македонија ЃП (-1) 15, Брегалница 14, Вардар 11 бодови

ПретходноЈанис и Кари одлични, но Милвоки и Голден Стејт претрпеа порази (ВИДЕО)
СледноКалин го мина првото квалификациско коло во Кобе!