Дербито на 14.коло во сите елементи ги оправдува очекувањата. Убав фудбал во Кратово, Силекс и Шкупи се надигруваат, по првите 45.минути резултатот е 2:1. Гостите преку Трапановски во 12.минута поведоа, топката го удри Николиќ и заврши во мрежата на Андов.
Токму Николиќ шест минути подоцна убаво се снајде пред голот на чаирчани и со убав гол го израмни резултатот на 1:1. Во 42.минута пресврт, Каланоски со убав шут со глава го совлада Илјази за водство од 2:1 за Силекс.
Кога сме кај шансите за домашните Зајиќ можеше и мораше да постигне гол, додека Кука и Пинтер кај гостите беа во изгледни шанси.
По првиот дел на вториот денешен меч од ова 14.коло, останатите се играа вчера, во Ѓорче каде што играат Македонија ЃП и Работнички, резултатот е оној почетниот 0:0.