Проблеми за Милевски: Трајковски има повреда на листот, а Елези не беше во записникот на Вараждин!

478

Пред утрешниот собир на нашата репрезентација во пресрет на дуелите со Италија и Англија, проблеми за нашиот селектор Благоја Милевски.

Имено како што пренесуваат медиумите во Хрватска, Алекс Трајковски има проблеми на листот и го очекува пауза од неколку дена. Токму затоа тој денеска не беше во составот на Хајдук на мечот со Вараждин. Ова се информации од Хрватска.

Додека во составот на Вараждин во записникот не беше Агон Елези, сеуште нема подетални информации за што се работи.

За разлика од нив двајцата, Димитар Митровски беше стартер во составот на Вараждин.

Инаку овој меч го доби Хајдук со 3:1.

ПретходноБарса во 17 секунда прими гол, потоа Левандовски со два гола донесе пресврт! (ВИДЕО)
СледноАеродром и Скопје одиграа без победник!