Брендан Роџерс цврсто застана во борбата за укинување на ВАР технологијата во фудбалот. Менаџерот на Селтик вели дека ВАР во многу нешта го уништува фудбалот.
„Сочувствував со навивачите на Селтик. Платија стотици фунти за да патуваат во Мадрид, одите на натпреварот и 20-тина минути подоцна еден од вашите играчи е исклучен. Тоа само ја уништува играта, апсолутно ја уништува играта. Мислам дека сега почнуваме да го разбираме тоа малку подобро. Чекање, неактивност. По мечот реков дека се чувствувам како да сме дел од компјутерска игра каде се се оценува на екранот. Ова не е фудбал. Ако вака продолжи, тогаш секако дека ќе треба да се бараат промени, бидејќи од гледна точка на играчите и навивачите, но и од гледна точка на фудбалот воопшто, ова не е играта што ја знаеме и ја сакаме“, вели Роџерс.
„Зборував со луѓе кои работат во англискиот Чемпионшип, каде што нема ВАР, и навистина им се допаѓа. Тие разбираат дека ќе има некои грешки, но непречениот тек на играта е нарушен со постојано гледање во екраните. Има многу добро во ова, но има и многу лошо. Ова е нешто на што треба да обрнете внимание – дали вреди или не“, заклучи менаџерот на Селтик.