Руди Гарсија пред отказ, Наполи загуби дома од Емполи

102

Кризата во Наполи денеска на мечот со Емполи од 12. коло на италијанската Серија А само се продлабочи. Руди Гарсија не само што не успеа да слави, туку и дозволи да биде поразен на „Диего Армандо Марадона“ во Неапол со 0:1 со што дополнително си ја закомпликува ситуацијата на клупата и сега веќе сериозно му се заканува отказ.

Елиф Елмас го почна мечот од првата минута, но беше заменет по неполни десетина минути во второто полувреме. Одлуката за победниот по неколку пропуштени шанси и на двете страни дојде во 91. минута, кога Коваленко успеа да го совлада домашниот голман и да му ја донесе на Емполи третата победа оваа сезона.

Наполи е четврти со осум бода негатива во однос на лидерот Јувентус.

ПретходноДимитријевиќ извонреден во новата победа на Уникс
СледноПМФЛ: Кратово слави – Силекс го победи Шкупи, Работнички го освои Ѓорче! (ВИДЕО)