Сари: Мурињо е давеж, но ние си се сакаме!

514

Лацио и Рома одиграа без голови во неинтересен дерби меч во италијанската Серија А. Ниту Маурицио Сари од Лацио ниту Жозе Мурињо од Рома не се радуваа на победа во римскиот дуел.
Растеме ментално. Многу подобри сме од минатата сезона, посебно во одбраната. Денеска на моменти бевме добри, но ова е дерби и не е лесно да се игра. Задоволен сум од настапот на моите избраници.
Со Мурињо се сретнавме пред мечот. За време на мечот му реков: Знаеш дека си вистински давеж? Тој ми реплицираше: Ако те интересира и ти си исто така. Меѓутоа длабоко во себе си се сакаме. Ми се допаѓа Мурињо како личност, но не и неговиот карактер“, изјави Сари.

ПретходноБутел убедлив против Мулти Есенс и се приближи до плеј-офот
СледноГолчиште на Димарко, Интер славеше над Фросиноне