Случајот “Начевски“ на повторна арбитража!

204

Апелациониот суд на ЕХФ, ја прифати жалбата на Драган Начевски и го врати предметот на повторно разгледување кај првостепениот Ракометен суд во случајот што произлезе од изрежирана емисија од данската телевизија ТВ2. 

ЕХФ овој случај го подели на два дела.

Прв дел, што се однесува до непријавување во ЕХФ на „контактот“ со наводниот кинески бизнисмен, во случајот ангажиран актер кој требаше да му „смести“ на Драган Начевски договор за местење натпревари за потреби на обложувалници. Апелациониот суд го врати назад на разгледување овој дел. 
Вториот дел се однесува за недостаток на интегритет и можни обложувачки малверзации и натаму е дел од истрага. 
Драган Начевски кој беше главен на судиската комисија на ЕХФ, беше ослободен од должностите во мај 2023 откако ТВ2 испрати информација до ЕХФ дека имало контакт со азиски бизнисмен.

ПретходноЖРК Ѓорче Петров славеше во Белгија, сега е на чекор до 1/8 финалето ЕХФ купот!
СледноЗначи до тренерот било: Работнички без Милан Илиевски има “два од два“! (ФОТО)