КК Партизан на овие простори, па и во Европа е нешто посебно. Секој домашен меч на тимот на Жељко Обрадовиќ е вистински спектакл за кој се говори со денови, а фановите на овој клуб, посебно, оние помалите, не кријат дека за нив кошаркарите се вистински богови.
Посебно на пиедесталот е Кевин Пантер, капитенот на “црно-белите“кој иако повреден и не беше во тимот, по мечот со Фенербахче, беше во центарот на вниманието.
Па така на социјалните мрежи се потенцира потегот на еден млад фан на Партизан, кој неколку пати го бакна Американецот во грбот.
По ова Пантер беше во шок, а подоцна на социјалните мрежи имаше што да каже, се разбира во позитивна конотација.
no girls can give this type of joy 😂 @KPJunior_ 🖤🖤🖤🖤🖤🖤 pic.twitter.com/3vrcIQ2rqs
— ZaDuleta #tijm (@vstojanovic28) November 10, 2023