Димитријевиќ извонреден во новата победа на Уникс

83

20 поени и уште една одлична партија на нашиот Нено Димитријевиќ во дресот на Уникс. На денешното гостување кај Парма во новиот меч од ВТБ лигата, Нено го предводеше Уникс до победа од 77:87.

За 28 минути на паркетот, Димитријевиќ беше најдобар поентер во редовите на гостите. Шутираше 5/9 за два и 1/3 за тројка.

За Уникс ова беше седма победа сезона, која ги остава на второто место зад ЦСКА.

ПретходноРоџерс застана против ВАР: Тоа ја уништува играта, ова веќе не е фудбал
СледноРуди Гарсија пред отказ, Наполи загуби дома од Емполи