Атомски фудбал на „Стемфорд Бриџ“ – осум гола на дербито Челзи-Сити

439

Интересен и возбудлив меч одиграа Челзи и Манчестер Сити во 12.коло од Премиер лигата. На „Стемфорд Бриџ“ конечниот резултат беше 4:4, а во двете полувремиња паднаа по четири гола.

Поведоа „граѓаните“ во 25 минута со гол на Ерлинг Халанд од пенал. Марк Кукуреља го повлече противникот за дрес во казнениот простор, а судијата Антони Тејлор покажа на белата точка.
Следуваа два гола на Челзи. Конор Галагер нафрли од корнер, а прекрасно реагираше Тијаго Силва и ја смести топката во мрежата. Во 37 минута Рахим Стерлинг зголеми на 2:1 за домашните.
Сепак, пред крајот на првиот дел актуелниот шампион изедначи преку Мануел Аканџи кој со глава ја погоди мрежата на немоќниот Санчез.

Само што почна второто полувреме Алварез го пронајде Халанд во шеснаесетникот, а Норвежанецот го совлада Санчез. Судијата проверуваше и ВАР снимка за игра со рака, но го призна голот.
Челзи изедначи во 67. минута. Николас Џексон сочека одбиена топка и ја испрати во голот за 3:3.
Во 86 минута Родри го доведе Сити во водство. Се чинеше дека бодовите ќе заминат во Манчестер, во четвртата минута од судиското продолжение Тејлор свирна пенал. Рубен Диас направи фаул, а Колин Палмер прецизен за 4:4.

Со тоа Челзи ја спречи серијата од шест порази по ред од Сити во сите натпреварувања.
За Сити ова е прво реми и понатаму е лидер со 28 бода, еден повеќе од Ливерпул и Арсенал на втората позиција. Челзи е на 10-тата позиција со 16 бода.

ПретходноНеверојатно: Јунајтед ќе плаќа “пенали“ од 10 милиони фунти за секоја сезона кога нема да игра во ЛШ!
СледноВтор пораз за кошаркарките во евро-квалификациите, Србинките лесно низ Скопје