Бодо/Глимт трет пат шампион на Норвешка

155

Тимот на Бодо/Глимт по трет пат во својта историја ја освојува шампионската титула во Норвешка. „Жолто-црните“ го совладаа Алесунд и на две кола пред крајот ја осигураа титулата која е трета во последните четири години.
Бодо/Глимт е пред пласман во нокаут фазата во Лигата на конференции затоа што има две победи, едно реми и еден пораз по 4 кола. Пред неколку денови славеа со 3:1 во гости кај Бешикташ.
Идната сезона ќе играат во второто квалификациско коло во ЛШ. Овој клуб никогаш не стигнал до групите на елитното клупско натпреварување. Во 2022/23 беше блиску но во плеј-офот беше запрен од Динамо Загреб.

ПретходноМалме шампион на Шведска после бурниот решавачки дуел со Елфсбург
СледноБутел убедлив против Мулти Есенс и се приближи до плеј-офот