Втор пораз за кошаркарките во евро-квалификациите, Србинките лесно низ Скопје

115

Македонската женска кошаркарска репрезентација го запиша вториот пораз во евро-квалификациите. Избраничките на Александар Ашаданов вечерва за противник ја имаа фаворизираната селекција на Србија која дојде до убедлив триумф од 60-103.

Српските кошаркарки уште по првата четвртина ги решија сите дилеми околу победникот на оваа средба, беа подобри со 12-30, додека на одморот заминаа со водство од 38-51. Со ова темпо се одиграа и следните две четвртини.

Митрашиновиќ со 23 поени беше прв стрелец, Хемпе имаше 13, додека Слецова реализираше 12.

Шансата за прва победа нашите девојки ќе ја бараат во следниот квалификациски циклус.

ПретходноАтомски фудбал на „Стемфорд Бриџ“ – осум гола на дербито Челзи-Сити
СледноЛацио и Рома разочараа во дербито на „Вечниот град“