Газат ли газат: Леверкузен на Чаби Алонсо е фантастичен!

204

Па добро кој игра тука во ЛШ? Секако дека ова се прашуваат фановите во Германи и Европа по денешниот меч меѓу Леверкузен и Унион Берлин. Меч кој заврши со победа на “фармацевтите“ со 4:0.

Да, во ЛШ игра тимот од Берлин, но овој Леверкузен на Чаби Алонсо едноставно е фантастичен.

Игра во страшна форма, победува, гази ли гази. Па така денеска дојде до 10 победи во единаесетиот меч, нема пораз туку само едно реми.

И дефинитивно е најголем ривал на Баерн Минхен во битката за титулата во Бундеслигата.

На денешниот меч стрелци беа Грималдо, Косоуноу, Тах и Тела.

Секоја чест, ниту еден тим во ТОП 5 првенствата во Европа нема таков биланс како што има составот на Чаби Алонсо.

ПретходноЕлмас добива нов тренер: Де Лаурентис се двоуми меѓу Канаваро и Тудор!
СледноБарса во 17 секунда прими гол, потоа Левандовски со два гола донесе пресврт! (ВИДЕО)