Тренерот на Брајтон, Роберто Де Зерби зборуваше за исклучувањето на Махмуд Дахуд на мечот со Шефилд Јунајтед кој заврши 1:1.
Италијанецот изјави дека не го разбира ВАР системот во Премиер лигата но и дека тој црвен картон е заслужен.
„Да бидм искрено и јасен. Не ми се допаѓаат 80% од судиите во англиската Премиер лига. Тоа не е ништо ново. Едноставно не ми се допаѓаат. Не ми се допаѓа нивното однесување на терените“, изјави Де Зерби.
Оваа сезона имаше неколку спорни одлуки од судиите, па дури и од ВАР судиите. Минатата сезона Брајтон доби три извинувања од ВАР поради пропусти, а последното во април кога на Митому не му беше свирен пенал по прекршок од Хојбјерг од Тотенхем.
„Англија е единствената држава каде што имате ВАР и истовремено не сте сигурни дали одлуката е исправна. Во другите држави сте 100% сигурни. Не разбирам“, вели Де Зерби.