Откако не доби повик од селекторот Благоја Милевски за последните два квалификациски дуели со Италија и Англија, денеска со изјава се огласи нашиот интернационалец Љупче Дориев.
„Жалам што нема да бидам дел на репрезентацијата во следниве два натпревари, иако сум во добра форма и постигнувам голови за мојот тим. Сепак, го почитувам изборот на селекторот како и секогаш, јас сум убеден дека тој знае што е најдобро во моментот за Македонија. Мислам дека заслужувам повик или порака од селекторот како образложзение зошто не сум дел од репрезентацијата. Јас ќе продолжам да работам уште понапорно и успешно за да добијам повик, да бидам повторно дел од националниот тим. На колегите од репрезентацијата им посакувам успех и добар резултат против Италија и Англија. Заеднички сите до успех на последните два натпревари во овој циклус“, вели Дориев.
Македонија утре ќе го има првиот собир пред дуелите со Италија (17.11) и Англија (20.11).