Значи до тренерот било: Работнички без Милан Илиевски има “два од два“! (ФОТО)

1398

Работнички попладнево со 0:1 ја победи Македонија ЃП во меч од 14.коло во ПМФЛ. Стрелец на победничкиот гол беше Гандо. Ова бше втора победа во низа на тимот од Дебар Маало, па затоа сега се наоѓа на 6.место на табелата со 19 бодови.

Интересно, овие две победи, прво со Силекс а денеска со Македонија ЃП, Работнички ги извојува откако му врачи “шут – карта“ на тогашниот стратег Милан Илиевски, кој доби отказ по поразите од Вардар и Шкупи.

Сега под водство на В.Д. Тренерот Горан Станиќ екипата на Работнички е нешто сосема друго. Разигран, победува, освојува бодови, а ако не беше онаа судиска грешка против Шкупи веројатно ќе се пласираше и во 1/2 финалето во Купот.

Значи, сепак, до тренерот било.

Којзнае каде ќе беше сега Работнички ако новото раководство на клубот порано му ја покажеше вратата на Мичка, веројатно ќе имаше најмалку 5-6 бода повеќе и ќе беше на 4.место на табелата.

Но, никогаш не е доцна.

И повторно, овој тим на Работнички, со овие играчи, заслужува битка за висок пласман, заслужува битка за Европа а не да губи од Вардар во една очајна тактичка поставеност на тимот, да ги брани тие 0:0 со градскиот ривал.

Сга сите во клубот можат да здивнат, Работнички без Мичка е некоја друга димензија.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноСлучајот “Начевски“ на повторна арбитража!
СледноСинер со максимални 2:0 против Циципас!