Нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски имаше успешен старт во квалификациите за главниот турнир во јапонскиот град Кобе.Тој во 1.коло успеа по голема борба да го победи домашниот тенисер Риуки Мацуда со 2:1 во сетови и тоа по голема борба.
Првиот сет Калин го загуби во тај-брејк, но затоа во вториот и третиот сет беше одличен и двата ги доби со 6:2 и 6:2, и со тоа конечно го доби мечот со 2:1 во сетови.
До учество во главниот турнир во Кобе, на Калин му останува уште една пречка. Го очекува дуел со Џ.К.Тротер исто од Јапонија.